Клоп најави голем камбек: Јас се уште сонувам…

Јирген Клоп веќе неколку месеци наназад е поврзуван со враќање на тренерската работа по завршувањето на оваа сезона, но Германецот доцна синоќа самиот „меѓу редови“ потврди дека е подготвен за камбек.

Легендарниот стратег со објава на својот фејсбук профил обелодени дека е подготвен за нов предизвик.

„Велат дека сум заминал затоа што сум останал без енергија. Можеби тоа беше точно во тој момент, но стадионите беа мојот „полнач на енергија“. Да, среќни сме што живееме во тој „балон“ и наша одговорност е да изнудуваме насмевки на лицата на луѓето. Но сега, стоејќи однадвор, гледајќи ги тие насмевки од далеку и чекајќи… чекајќи го тој свиреж да ми каже дека шоут повторно почнало. Секогаш запамтете, фудбалот е игра за сонувачи, а јас се уште сонувам“, напиша Јирген Клоп.

Легендарниот тренер на Борусија Дортмунд и на Ливерпул е поврзуван со преселба на клупата на Реал Мадрид, а весникот „Билд“ пред два дена објави дека Клоп по завршувањето на СП 2026 ќе стане нов селектор на Германија.

Без разлика која функција ќе ја избере, нема сомнеж дека камбекот на темпераментниот стратег е добра вест за светскиот фудбал.

Се вчитува...