Адем Мекиќ имаше скромен ефект од само еден поен на премиерниот меч по враќањето во Задар, во поразот на домашен терен што неговиот тим го претрпеа од Крка во рамките од АБА-лигата (66-72). Дуелот беше решен во продолжение од пет минути, во кои Задар целосно потфрли во нападот, постигна само три поени по што поразот беше неизбежен.
Мекиќ веќе извесен период беше во потрага по нов клуб по заминувањето од Бора, македонскиот репрезентативец беше многу блиску до потпис со ТФТ, но на крајот се реши повторно да замине во странство прифаќајќи ја понудата на Задар.
Тој по само неколку одработени тренинзи очекувано добри скромна минутажа, на теренот мина нешто повеќе од две минути, период во кој успеа да реализира еден поен (1/2 за слободни фрлања), при што имаше и еден дефанзивен скок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

