Хјустон eкспресно се врати на победнички патеки триумфирајќи на домашен терен над Њу Орлеанс со 107-105, со што „ракетите“ се израмнија со ЛА Лејкерс на делба на третото место во Западната конференција. Во главна улога повторно беше Кевин Дурант, извонредниот суперстар постигна 32 поени и го предводеше Хјустон до овој триумф, а одличен беше и Томпсон со 23 поени, 12 скокови и 8 асистенции.
Детроит ја искористи предноста на домашниот терен против Мемфис триумфирајќи со 126-110, дуел во кој брилијантен беше Дурен со 30 поени и 13 скокови.
Кризата на Голден Стејт без повредениот Стеф Кари се продлабочи по домашниот пораз од Минесота (117-127), четврти во низа за „воините“. Ентони Едвардс беше незапирлив постигнувајќи 42 поени за победничкиот тим, додека најефикасни кај Голден Стејт беа Подзиемски со 25 и Порзингис со 20 поени.
Резултати НБА:
Далас – Кливленд 105-138, Детроит – Мемфис 126-110, Индијана – Њујорк 92-101, Торонто – Феникс 122-115, Хјустон – Њу Орлеанс 107-105, Голден Стејт – Минесота 117-127, Портланд – Јута 124-114, ЛА Клиперс – Чикаго 119-108.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

