Кошаркарите на Кожув извојуваа повеќе од убедлива победа од 69-99 на гостувањето против Ангели на денешниот натпревар од Суперлигата на Македонија, но само поради подобро одиграното второ полувреме на мечот.
Првото полувреме мина низ максимално израмнета игра, во кое Ангели одлично се носеше против фаворитот. Кожув на паузата замина со предност од само 42-45.
Сепак, катастрофален пад во играта на домашните во вториот дел резултираше на крај со убедлив пораз од 69-99.
Најефикасен во победничкиот тим беше Николас со 16 поени, а 15 поени постигна Симиќ дополнети и со 12 скока. По 14 поени постигнаа Парвис и Кириловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

