Ракометарите на Охрид и на Алкалоид одиграа супер-драматична дерби-пресметка во 24.коло од плејофот на Суперлигата на Македонија.
На крајот дерби кое заврши без победник со 27-27, во меч во кој охриѓани во финишот
Првиот дел мина низ израмнета игра со предност на Алкалоид од 13-14. Но, во второто полувреме Охрид возврати па во финишот влезе и со предност. Сепак, гостите не дозволија победа на домашните на крај за реални 27-27.
Најдобар кај Охрид беше Дарко Ѓукиќ со 8 погодоци, а по четири гола постигнаа Иванковиќ и Стрмљан. По три гола запишаа Прибетиќ и Вуко Борозан. Пилиповиќ запиша осум одбрани.
Кај Алкалоид се издвои Никола Костески со шест гола од седум обиди, по четири гола постигнаа Марко Митев, Урош Борзаш и Ненад Костески. Иван Галевски имаше шест одбрани.
Со ова реми Охрид се израмни со 40 бода на втората позиција со Е. Пелистер, кој има и натпревар помалку, а Алкалоид е на четвртата позиција со 36 бода. На врвот е Вардар со 44 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

