Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер продолжува со извонредната гол-форма во швајцарската Суперлига сезонава.
Растодер го постигна својот 12-ти гол сезонава, за нова победа на Тун, овој пат од 5-1 против Грасхоперс на домашен терен.
Македонскиот напаѓач беше стрелец на четвртиот гол за Тун во 61. минута, за водство од 4-1 на неговиот тим во тие моменти, а потоа заслужено отиде на одмор напуштајќи ја играта во 64. минута.
Тун е веќе речиси сигурен нов шампион на Швајцарија, со 17 бода предност во однос на второпласираниот Сент Гален.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

