Пикфорд со два кикса му подари победа на Арсенал, Њукасл подобар од Челси (ВИДЕО)

Арсенал запиша тешка победа од 2-0 против Евертон во 30. коло од Премиерлигата.

Во исцрпувачки дуел, „топчиите“ до победата дојдоа со два гола во самиот финиш од средбата.

Во 89. минута Арсенал стигна до погодок за водство преку Виктор Ѓокереш, откако голманот Пикфорд излета во празно, па му дозволи на домашниот тим да стигне до лесен гол.

А, Пикфорд беше трагичар и при вториот гол бидејќи во 97. минута излезе на корнер, а Арсенал се одбрани и 16-годишниот Макс Дауман стрелаше за потврда на победата од 2-0.

Дауман на тој начин стана најмладиот стрелец во историјата на Премиерлигата.

На „Стемфорд Бриџ“, пак, Њукасл го победи Челси со 0-1.

Натпреварот го одлучи голот на Арон Гордон во 18. минута по асистенција на Вилок.

Арсенал со оваа победа има десет бода предност пред Сити и два меча повеќе. Челзи е на петтото место со 48 бода, Евертон е осми со 43, а на бод помалку и позиција подолу е Њукасл.

Се вчитува...