ВИДЕО: Антонели во солзи…. Хамилтон конечно на подиум!

Андреа Кими Антонели ја освои трката во Формула 1 за Големата награда на Кина.

Андреа Кими Антонели е вториот најмлад победник на трка во Формула 1, а Макс Верстапен останува најмладиот.

Антонели и Верстапен се единствените тинејџери во историјата на Ф1 кои победиле на една трка, а Антонели славеше откако ја освои пол-позицијата. Италијанецот се расплака по победата, не можејќи да ги сокрие емоциите по овој голем момент.

Луис Хамилтон, пак, конечно дојде до подиумот, освојувајќи го третото место на трката, па седумкратниот шампион среќен по цела година дојде до топ три без да се пласира на подиумот.

Интересно е што од Големата награда на Лас Вегас во 2024 година, Луис Хамилтон не се најде на подиумот и ова му е прв пат во тимот на Ферари да заврши меѓу првите тројца возачи.

Се вчитува...