Бруно го урна рекордот на Дејвид Бекам

Манчестер Јунајтед со одлична игра го совлада тимот на Астон Вила со 3-1, уште еден дуел на кој Бруно Фернандеш ја потврди својата важност за играта на „црвените ѓаволи“.

Капитенот не се запиша меѓу стрелците, но имаше две успешни асистенции, со што стана апсолутен рекордер по бројот на асистенции во дресот на Јунајтед во една премиерлигашка сезона. Овој рекорд 26 години беше сопственост на легендарниот Дејвид Бекам, кој имаше 15 асистенции во дресот на Манчестер Јунајтед.

Бруно имаше 14 во пресрет на оваа рунда, но откако Фернандеш имаше успешни додавања при головите на Кашемиро и на Куња, Португалецот е сопственик на овој фантастичен рекорд, уривајќи го достигнувањето на Бекам уште во месец март.

Се вчитува...