По елиминацијата на Манчестер Сити од Лигата на шампионите, веднаш тргнаа шпекулациите за иднината на Пеп Гвардиола на клупата на „Граѓаните“. Големиот дел од медиумите веруваат дека Шпанецот би можел да си замине на крајот од сезоната, на една година пред истекот на договорот.
Гвардиола е на „удар“ од навивачите, со оглед дека Сити може да остане и без трофејот во Премиерлигата, со оглед дека клубот заостанува зад Арсенал. Евентуално само тој пехар ќе го спаси од отказ.
„Сите сакаат да добијам отказ, нели?“, рече Гвардиола.
„Еден ден ќе дојдам тука и ќе се збогувам. А, сега уште сум тука, и ќе бидам и следната сезона“, потенцираше Шпанецот.
Сепак, доколку не успее да ја освои и Премиерлигата, тогаш челниците на Сити ќе одлучат дали ќе му дадат на Пеп до крај да го одработи договорот, или ќе му го покажат патот кон излезот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

