Лазаров: Ако има некој да ја води Македонија и да вети Топ 10, нека дојде на мое место

Селекторот Кире Лазаров во својот извештај пред  Управниот Одбор на РФМ говореше на неколку теми, осврнувајќи се и на претстојниот бараж за пласман на СП 2026.

„Ждрепката е добра, но не значи дека ние сме веќе пласирани. Најлошо нешто што можеме да сториме е да го потцениме противникот, бидејќи кога ќе го потцениме тогаш  сме двојно послаби. Јас како селектор нема да дозволам опуштање, мора да се стори се за да се стигне до посакуваниот резултат, за во мај сите заедно да се радуваме“, истакна Лазаров.

Ракометната легенда не дозволува летање во облаци, потенцирајќи дека широчината на ростерот не е преголема и не е реално да се очекуваат вонсериски резултати на големите натпреварувања.

„Реков и на претходната седница на Управниот Одбор, апелирав клубовите да даваат поголема шанса на домашните ракометари затоа што тоа е единствениот начин да се игра напред. Немам ништо против странците, особено оние квалитетните што се додадена вредност во клубовите. Реалноста е таа, ростерот е лимитиран, ние во однос на последното ЕП ќе имаме одредена додадена вредност со Милан Лазаревски и со Марко Митев, кој се уште се приближува до својата топ-форма. Треба да се биде реален, не треба да се даваат лажни ветувања. Ако иа некој да ја води Македонија, да вети дека може да ја однесе до Топ 10 на големите натпреварување, слободно нека дојде на мое место. Но, верувајте дека реалната слика е поинаква“, изјави Кире Лазаров.

Се вчитува...