Завршницата од Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција ќе се одржи во Струмица, одлучи Ракометната Федерација на Македонија, одлука што беше потврдена и на денешниот состанок на Управниот Одбор на РФМ.
„Сите четири екипи сакаа да имаат домаќинство, одлуката беше фајналфор турнирот од Купот на Македонија да се игра на неутрален терен за да не се чувствуваат привилегирани. Бевме во инспекција на салата во Струмица, салата ги исполнува потребните норми и веруваме дека со овој потег ќе помогнеме и за зголемување на популарноста на ракометниот спорт во овој град“, изјави Влатко Тасевски, Генералниот секретар на РФМ.
Терминот за одигрување на завршниот турнир од Купот на Македонија е од 17 до 19 април, а дополнително ќе бидат утврдени датумите за полуфиналните пресметки во машка и во женска категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

