Кошаркарите на Работнички славеа убедлива победа над последнопласираниот тим на Ангели во 20. коло од Супер-лигата. Работнички го „истури бесот“ и триумфираше со 40 разлика (107-67).
Уште на стартот домашните кошаркари тргнаа фуриозно, и на полувремето се стекнаа со предност од 35 разлика, и тука се знаеше победникот. Работнички ја доби и третата четвртина, а потоа во последната следуваше мало опуштање. Во третиот период домашните стигнаа и до највисоки 44 поени разлика.
Виктор Ефремовски беше најефикасен со 26 поени, а Рикиќ постигна 20 поени и 10 скока. Ренг кај Ангели постигна 16 поени и запиша 13 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

