Почнува циркус во Африка: Сега и Гвинеја си ја бара титулата од пред 50 години! (ВИДЕО)

Преседанот поставен од Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) да му ја одземе титулата на Сенегал од Купот на африкански нации и да му ја додели на Мароко предизвика верижна реакција.

Така, Гвинеја побара, поради идентичната ситуација, да им биде доделена титулата шампион на Африка од пред 50 години!

Фудбалската асоцијација на Гвинеја побара од ЦАФ да го промени исходот од Африканскиот куп на нации во 1976 година, наведувајќи инцидент каде, интересно, токму Мароко го напушти теренот во одлучувачкиот натпревар против нив.

Купот на африкански нации во 1976 година се играше во Етиопија, а системот на натпреварување беше различен од денешниот.

По првата групна фаза, се играше финалната групна фаза во која играа четири селекции, а случајно Гвинеја и Мароко се сретнаа во последното коло. Токму тие две селекции се бореа за првото место, што значеше и победа на натпреварувањето.

На Мароко му беше потребен нерешен резултат за да ја освои титулата, додека на Гвинеја му беше потребна победа за да го подигне трофејот.

Гвинеја поведе во 33. минута со голот на Шериф Сулејман, по што мароканските играчи го напуштија теренот во знак на протест против одлуката на судијата.

Набрзо се вратија и натпреварот продолжи, а Ахмед Макрух израмни во 86. минута за конечен резултат од 1-1, со кој Мароко заврши на врвот во групата со пет бода и ја освои титулата.

Со оглед на тоа што ЦАФ ја одзеде титулата од Сенегал оваа година затоа што го напуштија теренот незадоволни од одлуката и се вратија, Гвинејците бараат истите критериуми да се применат и за Мароканците во 1976 година.

Се вчитува...