Фудбалерите на еден од најтрофејниот македонски клубови, Работнички успеаја да ја запишат петтата победа во последните шест натпревари и со тоа да ги зголемат шансите кои беа на ниво на теорија за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Тие денеска во меч од 24. коло славеа на домашен терен против Силекс со 2-0. Херој за тимот од Дебар маало беше Поп Златанов кој беше стрелец на двата гола за својот тим во 13. и 34. минута.
Тиквеш стигна до убедлива победа над АП Брера од 6-1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Стојанов во 10. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Макиќ во 27. минута. До ново водство Тиквеш дојде со автоголот на Стојилевски во 32. минута (2-1). Само две минути подоцна беше и 3-1 со вториот погодок на Стојанов. До крајот на првиот дел беше и 4-1 откако прецизно стрелаше Тасев. Лучијанињо во 49. минута зголеми на 5-1, додека конечните 6-1 беа дело на Стојчев во 84. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА























