Ракометната репрезентација на Македонија вчера ремизираше 30-30 на контролата со селекцијата на Австрија одиграна во Брегенц, меч од кој селекторот Лазаров во голема мера мора да биде задоволен од изданието на нашите ракометари.
Македонија целосно му парираше на квалитетниот противник, останува тагата што оние „плус четири“ во второто полувреме не ги претворивме во конечна победа, но барем успеавме во драматичниот финиш да избегнеме пораз, со голот од седум метри на Филип Кузмановски во последната секунда.
Ден по мечот селекторот Кирил Лазаров ги сумираше впечатоците од дуелот…
„Честитки за момците. Го дадоа максимумот од своите можности во пријателски натпревар против сериозна селекција како Австрија која ја елиминира Србија на Европското првенство. Иако имавме плус четири во 46 минута, а на крајот одигравме реми презадоволен сум од прикажаното. Играчи што имаат мала минутажа во своите клубови покажаа карактер и борба. Треба многу претпазливо да влеземе во бараж дуелот за СП. Се надевам дека ќе го дочекаме во добра кондиција и ентузијазам за борба за Македонија за ново учество на СП. Очекувам поголема минутажа на сите репрезентативци во своите клубови во периодот што следува за доброто на македонскиот ракомет“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

