Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, заедно со своите колеги, триумфираше на „Нирбургринг“, во рамките на серијата трки на таа легендарна патека, но потоа беше дисквалификуван поради прекумерен број на употребени гуми за време на четиричасовната трка.
Во болидотна Мерцедес, Ферстапен, заедно со Жил Гунон и Даниел Жункадела, забележа убедлив триумф, со речиси минута предност пред најблиските ривали. Сепак, по трката, со скенирање на баркодовите, техничката комисија откри дека тимот користел седум сета гуми, со што го надминал експресниот лимит од шест во текот на денот на трката. Правилата се јасни во тој случај и дисквалификацијата е единствената опција.
По дисквалификацијата на екипажот број 3, победата им припадна на Ден Харпер и Џордан Пепер од „Роу Рејсинг“, а второто место на Тим Хајнеман и Свен Милер од „Фалкен Порше“. Дилан Переира, Тобијас Милер и Патрик Асенхајмер од „Лос 48 Моторспорт“ го зазедоа третото место на подиумот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

