Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го освои златниот медал на Светското првенство во сала во полски Торун. Уште еднаш без вистинска конкуренција, Дуплантис го освои првото место пред грчкиот скокач со стап Емануел Каралис.
Дуплантис со тоа го додаде четвртото последователно злато во сала во својата богата ризница од трофеи, вкупно 23-то, сметајќи ги и почестите во јуниорската конкуренција (четири злата во четири натпреварувања на таа возраст).
Пред Торун, тој беше најдобар на светските првенства во сала во Белград, Глазгов и Нанџинг.
Со висина од 6,25 метри, овој пат го обезбеди првото место, откако претходно без проблеми ги помина висините од 6,10 и 6,15 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

