Кошаркарите на Оклахома сити тандер славеа над Вашингтон Визардс со 111-132, а натпреварот го одбележа инцидент што се случи на крајот од првото полувреме.
Во еден момент, под кошот се случи тепачка помеѓу Џејлен Вилијамс и Џастин Шемпени, а се вмешаа и Еј Џеј Мичел и Кејсон Волас и настана општ хаос. Имаше жестоко туркање, актерите во инцидентот завршија во публиката, па еден фоторепортер исто така настрада откако во хаосот беше удрен и заврши на земја.
Првиот стрелец на Тандер, Шеј Гилџис-Александар, успеа да го извлече својот соиграч од публиката и да спречи поголем инцидент. По гледањето на видеото, судиите ги исклучија четворицата актери од овој инцидент.
OKC VS. WIZARDS FIGHT 👊🍿
4 ejections 😳 Ajay Mitchell, Jaylin Williams, Cason Wallace & Justin Champagnie pic.twitter.com/7iPhoFcV3j
— Basketball Forever (@bballforever_) March 21, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

