Кошаркарот на Орландо, Гога Битадзе, негираше дека го навредил Лука Дончиќ за време на натпреварот против ЛА Лејкерс.
По завршувањето на натпреварот, словенечкиот кошаркар ги откри деталите од инцидентот, велејќи дека поранешниот центар на Мега и Будуќности го навредил на српски јазик.
Битадзе ги негираше тврдењата на Дончиќ.
„Имам голема почит кон Лука и она што го постигнал. Навистина го почитувам секое семејство. Таму од каде што доаѓам, семејството е свето и се почитуваме едни со други. Никогаш не би рекол нешто толку лично“, рече Битадзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

