И камен ќе заплаче: Мурињо емотивно во првиот натпревар без својот помошник (ВИДЕО)

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, не успеа да ги сокрие емоциите пред почетокот на првенствениот натпревар против Виторија Гимараеш. За време на минутата молк посветена на неговиот долгогодишен соработник Силвино Лоуро, кој почина на 19 март на 67-годишна возраст по долга битка со болест, португалскиот стратег се расплака.

Мурињо и Лоуро соработуваа цели 18 години (2000–2018), при што Лоуро беше тренер на голмани во клубовите каде што тој беше тренер: Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Заедно освоија 23 трофеи, вклучително две Лиги на шампиони, три титули во Премиер лигата, Лига Европа и Купот на УЕФА.

Целиот стадион, играчите и стручниот штаб на Бенфика молчеа во чест на поранешниот голман на Бенфика и Португалија, а Мурињо беше највидливо потресен. По веста за смртта на Лоуро, Мурињо објави емотивна објава на социјалните мрежи:

„Плачам сега, но ќе можам да се смеам, многу да се смеам, да зборувам за тебе и да се сеќавам на секој момент“.

Се вчитува...