Страшни вести доаѓаат од Косово. Во градот Клина, во населбата Бокшиќ, Фарук Исуфи го загуби животот по пукотница. Трагедијата е уште поголема бидејќи неговиот брат е осомничен за неговото убиство.
Станува збор за Јетмир Исуфи, поранешен фудбалер во локалните пониски лиги, а според локалните медиуми, на убиството му претходела жестока вербална расправија.
Во меѓувреме, Обвинителството во Пеќ, исто така, издаде соопштение, во кое потврдува дека осомничениот е приведен и дека, по наредба на државниот обвинител, му е одреден притвор до 48 часа.
Обвинителството, исто така, објави дека сите надлежни полициски служби, заедно со државниот обвинител од одделот за тешки кривични дела, веднаш излегле на местото на настанот. Според медиумите од Косово, запленето е и оружје за кое се верува дека е употребено во овој инцидент.
Се чини дека конфликтот настанал поради несогласување околу правото на наследство. Според неофицијални информации, жртвата се здобила со сериозни прострелни рани во гениталиите, а по пристигнувањето во болницата, таа повеќе не покажувала знаци на живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

