Помладиот брат на Карлос Алкараз, Хаиме, го продолжува своето тениско патување со импресивни резултати, освојувајќи ја титулата на Челинџер турнир во Мурсија до 15 години.
Додека Карлос Алкараз се натпреварува на Мастерсот во Мајами, неговиот помлад брат се прославува во светот на тенисот. 14-годишникот славеше на Челинџерот што се одржа во Тенискиот клуб Реал Мурсија, каде што неговиот постар брат често се подготвува за турнири на земјена подлога.
Со стил на игра кој е речиси идентичен со оној на неговиот брат Карлос, со елегантни удари и широк спектар на движења, Хаиме Алкараз продолжува да импресионира на национално ниво, пишуваат шпанските медиуми. Во финалето, тој лесно го победи Родриго Бургос со 6-1, 6-2 и ја освои шампионската титула.
14-годишникот, кој ќе наполни 15 години во јуни, привлекува големо внимание. Само пред еден месец, тој беше финалист во квалификациите за Опен турнирот во Мадрид за играчи до 16 години. Голем број регионални турнири се собираат околу ова национално натпреварување, а финалниот турнир се одржува на истите објекти како и оние на престижниот Мадрид Мастерс, кој ќе се одржи во мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

