Италијанскиот скијач Доминик Париз е победник на последниот супервелеслалом сезонава во Светскиот куп кој се возеше во норвешкиот ски-центар Квитфил.
Италијанецот до победата стигна со време од 1:26.81 минута што беше за само седум стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Винсент Крихмаер. Подиумот го надополни вториот Австриец Рафаел Хасер со заостанување од 38 стотинки зад времето на победникот.
Марко Одермат иако не освои бодови денеска завршувајќи на 19 место, сепак го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

