Струга ТЛ ја освои Битола (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга Трим и Лум стигнаа до нов триумф во домашниот шампионат откако во единствениот меч од денешната понуда од 24. коло во Првата македонска лига славеше на гостувањето кај Пелистер со 0-2.

И двата тима одиграа едно внимателно прво полувреме во кое се менуваа навалите кон двата гола, а разликата ја направи Марјан Радески кој во финишот на првиот дел, поточно во 43. минута со прецизен удар со глава донесе водство за гостинот од 0-1.

Конечните 0-2 ги постави Христијан Малески во 86. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...