Милан Стојановски си даде неотповиклива оставка од местото тренер на Пелистер

Фудбалерите на Пелистер загубија од Струга на домашен терен со 0-2 и со тоа и четврти натпревар во низа не успеаја да постигнат гол во Првата македонска фудбалска лига.

По мечот тренерот на тимот Милан Стојановски си даде неотпиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Пелистер, која клубот истата ја прифати.

„Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок“, изјави Стојановски. 

Се вчитува...