Влатко Илиески ќе суди во Турција, Стојанче Трпчевски во Бугарија

Двајца наши млади фудбалски судии од денеска ќе се појават на меѓународната сцена откако добија покана од Судиската комисија на УЕФА.

Влатко Илиески од Прилеп ќе биде еден од главните судии на квалификацискиот турнир „Б“-група, за настап на Европското првенство , играчи до 17 години што ќе се одржи од 23 до 31 март во турскиот град Анталија. Ќе му помага Александар Ѓурковски од Куманово. На турнирот ќе учествуваат репрезентациите на Холандија, Белорусија и Косово.

Во истиот термин (23 – 31 март) во Бугарија, во Пловдив ќе се одржи втор квалификациски турнир „А“ група за настап на Европското првнство, играчи до 17 години на кој ќе учествуваат репрезентациите на Литванија, Азербејџан, Малта и Бугарија.

На овој турнир за првпат на меѓународната сцена ќе дебитира како главен судија Стојанче Трпчевски од Кавадарци, кој успешно ги минал сите тестови и физичките норми на УЕФА на семинарот на Кипар минатиот месец. Ќе му помага Дарко Видиниќ.

М.М.

Се вчитува...