Гвардиола по победата над Арсенал: Артета создаде непобедлив тим, но…

Манчестер сити го победи Арсенал со 2-0 во финалето на Карабао Купот на Вембли и го освои првиот трофеј во сезоната.

Двата гола ги постигна Нико О’Рајли, во 60. и 64. минута. Младиот 21-годишник постигна два гола со глава за само четири минути од второто полувреме и го предводеше тимот на Пеп Гвардиола до уште еден трофеј.

„Секогаш е важно да се освои трофеј. Овој е посебен бидејќи зад нас имаме тешки две недели. Игравме против најтешкиот противник. Нè задушуваа првите 15 минути, не можевме да дишеме. Потоа почнавме да играме подобро“, рече Гвардиола по натпреварот и додаде:

„Микел Артета создаде тим кој е речиси непобедлив. Ова е нашиот петти Карабао Куп за десет години. Не е лошо. Секогаш кога ќе го освоите трофејот, се чини потешко отколку минатиот пат“, заклучи долгогодишниот тренер на Сити за Скај Спортс.

Арсенал изгледаше потресено по примените голови. Играчите изгледаа исцрпено и без самодоверба, а нивните навивачи на Вембли на крај останаа незадоволни.

Се вчитува...