Проблеми во Реал пред синоќешното градско дерби: Зошто Трент остана на клупата!?

По одличниот двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, Реал Мадрид славеше синоќа со 3-2 против Атлетико во Ла Лига.

Фудбалерите на Реал немаа право на неуспех ако сакаа да го следат темпото на Барселона, која имаше седум бода предност пред нив пред вечервашното дерби.

Иако атмосферата во соблекувалната на Реал значително се подобри во последно време, шпанските медиуми пишуваат за тоа што се случило пред почетокот на синоќешниот натпревар.

Алваро Арбелоа го објави почетниот состав речиси два часа пред почетокот на натпреварот, а многумина биле изненадени зошто Трент Александар-Арнолд остана на клупата за резерви.

Шпанските медиуми пишуваат дека Арбелоа му одржал лекција на англискиот играч и му рекол да остане на клупата, а како главната причина е тоа што доцнел на еден од тренинзите пред дербито. Александар-Арнолд требало да игра од првата минута синоќа, но Арбелоа го казни за доцнење на тренинг бидејќи тоа е строго забрането во Реал.

Исто така, шпанска „Марка“ објавува дека поранешниот играч на Ливерпул им се извинил на соиграчите за тоа откако бил информиран дека нема да го почне натпреварот со Атлетико.

Место него, шанса доби искусниот Дани Карвахал од првата минута, а него го замени Александар-Арнолд во 64. минута од натпреварот.

Но, најважно за Арбелоа и Реал е што успеаја да победат со 3-2 и да ја намалат негативата зад Барселона на четири бода.

Се вчитува...