Хојлунд: Не играме со Германија или Франција, туку со Македонија!

Еден од најдобрите дански репрезентативци, напаѓачот на Наполи, Расмус Хојлунд од еден специфичен амбиент од неговата кујна во домот во Неапол, во разговор за данската телевизија „Тв2“, порача дека воопшто не резервирал летен одмор затоа што верува дека неговата селекција ќе оди на Светското првенство 2026.

Данска веќе во четврток (26 март) во Копенхаген ја пречекува Македонија на „Паркен“ во полуфиналниот плејоф мундијалски бараж. А, Хојлунд од својата кујна онака самоуверено порачува дека Данска не игра со Франција или Германија, туку со Македонија.

„Цврсто верувам дека ќе одам на Светското првенство. Затоа и се уште не сум резервирал летен одмор“ – вели напаѓачот, и дополнува:

„Сè уште имаме златна можност за пласман на Мундијал. Мислам дека треба да се квалификуваме. Имаме вистинска шанса. Не се соочуваме со Франција или Германија…. Го кажувам ова со сета должна почит кон Македонија, и кон евентуалните финалисти Чешка или Ирска. Но, дефинитивно мислам дека постои вистинска можност и треба да ја искористиме“.

Данска ги пропушти првите две квалификациски шанси во ноември, кога киксна против Шкотска и против Белорусија и не успеа да дојде до првото место во групата.

„Бев навистина лошо. Не играв со Белорусија бидејќи на денот на мечот имав силно повраќање во собата и едвај можев да излезам од тоалетот. Беше тоа разочарување за сите нас, но нема враќање назад. Сега гледаме само на тоа што не очекува во баражите“ – вели Хојлунд.

Се вчитува...