Гатузо мораше да менува во составот на Италија пред баражите

Селекторот на италијанската репрезентација Џенаро Гатузо, мораше да менува во составот на својата селекција пред бараж натпреварите за пласман на Мундијалот. Првиот натпревар Италија го игра против Северна Ирска, а потоа ако го мине, ќе игра со подобриот од дуелот Велс – Босна и Херцеговина.

Федерико Киеза се најде во составот после долго време. Меѓутоа поради повреда тој мораше да го откаже настапот, па така на негово место Гатузо го повика Камбијаги од Болоња.

Тренинг кампот на репрезентацијата почнува денеска во Коверчано, каде Италијанците го имаат првиот тренинг. Мечот со Северна Ирска се игра на стадионот во Бергамо во четврток со почеток во 20:45 часот.

Италија после пропуштени два Мундијали во 2018 и во 2022 година, ќе се бори одново да се најде на собирот меѓу најдобрите светски селекции.

Се вчитува...