Првиот човек на францускиот фудбал: После Мундијалот имаме нов селектор… и да, знам кој ќе биде

Француската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор по Светското првенство во 2026 година, а се чини дека името е веќе познато. Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, потврди дека одлуката е донесена однапред, иако идентитетот на наследникот на Дидие Дешамп сè уште не е официјално објавен.

Иако Федерацијата и натаму молчи за името, познато е дека тоа ќе биде прославениот играч на „триколорите“ Зинедин Зидан, кој со успех го предводеше Реал Мадрид.

„Да, знам кој ќе биде новиот селектор“, кратко кажа Дијало во интервју за „Ле Фигаро“.

Легендарниот француски ас со години се поврзува со селекторската клупа на Франција, а претходно и француските медиуми пишуваа за усмен договор. Тој е надвор од тренерската работа од 2021 година, кога го напушти Реал Мадрид, а неговиот „кам-бек“ е се поверојатен.

Се вчитува...