Саша Дум, поранешен фудбалер и еден од поголемите фудбалски таленти, никогаш не исплива на површина како што тоа го направија дел од неговите соиграчи. Некогашната голема надеж на Баер Леверкузен, сега работи во едно сосема друго издание, а за тоа признава дека е самиот виновен.
Во тие години додека го носеше дресот на Леверкузен, многумина веруваа дека гледаат играч кој ќе биде столб на тимот со години, но и стандарден член на германската репрезентација, особено затоа што тој веќе беше дел од младинските селекции.
Сепак, она што се случуваше надвор од теренот полека почна да уништува сè што тој изградил на него, бидејќи Дам едноставно не можеше да одолее на живот кој не беше во согласност со професионалните стандарди на модерниот фудбал.
Затоа од Баер Леверкузен брзо сфатија со „кого си имаат работа“, па се решија да се откажат од него после 65 настапи за тимот. Откако си замиина, неговата кариера доживеа втроглав пад, особено во пониските лиги во Германија.
Денес, Саша Дум живее сосема поинаков живот и не го крие фактот дека направил пресврт што би ги изненадил многумина, но што очигледно го исполнува.
Во интервју за Радио Есен, тој отворено зборуваше за својата одлука да се обиде во угостителството и да стане келнер.
„Не мислам дека некој од моите поранешни соиграчи би бил изненаден што сум тука. Мојата исхрана отсекогаш се базирала на пиво. Значи, може да се претпостави дека ова е вистинскиот пат“, рече Дам со насмевка, но со реченица која исто така носи доза на искреност.
„Во еден момент решив да се занимавам со угостителство бидејќи сакав да го пробам. Беше идеално за мене и сè додека ми се допаѓа вака, не сакам да правам ништо друго.“
Дум играше во Леверкузен заедно со Тони Крос, кој потоа замина во Баерн, па стана легенда на Реал Мадрид. Од Леверкузен замина во Алеманија Ахен, па Енерџи Котбус, Фортуна Дизелдорф, Дуизбург, во вториот тим на Шалке, а кариерата ја заврши во 2018 година во нисколигашот Хилден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

