Пеколна атмосфера ја чека Македонија во Копенахген: Данците ги продадоа сите билети

Македонија ќе гостува на Данска пред полни трибини во Копенахген, откако данската федерација ги продаде сите билети за натпреварот кој се игра во четврток. Тоа значи дека атмосферата ќе биде пеколна за нашата репрезентација, во обидот да ја мине првата од двете пречки до Мундијалот.

Стадионот „Паркен“ во Копенхаген има капацитет од околу 38.000 гледачи, а околу 1000 ќе бидат симпатизери на Македонија, кои ќе се најдат на трибините.

Победникот помеѓу Данска и Македонија потоа ќе игра со селекцијата која ќе победи од вториот бараж дуел помеѓу Чешка и Република Ирска, и само една од овие четири селекции ќе обезбеди учество на Светското првенство.

Се вчитува...