„ПРЕСИНГ“ со АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ: За баражот со Данска – Можеме ли до Мундијал!? За трансферот од Вардар во Ајнтрахт…, но и за се во домашниот клупски фудбал! (ВИДЕО)

ОСУМНАЕСЕТТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со едно од најголемите репрезентативни имиња на македонскиот фудбал во историјата – АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ!

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА СЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ…. За се што не очекува во престојните бараж-пресметки од плејофот за пласман на СП 2026, против Данска а потоа и евентуално против Чешка и Р. Ирска. За неговата богата играчка кариера и трансферот од Вардар во Ајнтрахт Франкфурт, но и за актуелните состојби на домашната прволигашка сцена!

РАЗГОВОРИ ЗА…

·         За престојниот бараж за пласман на СП 2026 против Данска во Копенхаген

·         Дали овој национален состав има сили да не однесе до историски пласман на Светско првенство?

·         Радува ли моменталната одлична форма на Елмас, Димитриевски, Барди, Чурлинов, Растодер….?

·         Само четири имиња на списокот на Седлоски се од домашниот фудбал… Македонскиот клупски фудбал се уште далеку од европски компетитивен?

·         Васоски беше дел од една одлична репрезентативна генерација со Пандев, Новески, Митрески, Седлоски, Попов, Наумоски, Шкуликоски… Што недостасуваше тогаш за пласман на големо натпреварување?

·         Кој тренер оставил најголема трага во неговата кариера?

·         Зошто не се реализираше трансферот во Шахтјор Доњецк, и како дојде до трансферот во бундслигашот Ајнтрахт Франкфурт?

·         Израсна во легенда на Франкфурт, и заедно со Ока Николов до миленик на навивачите на Ајнтрахт.

·         Играчката кариера прекината поради поради зачестените повреди, но веднаш старт на тренерска кариера и освоена шампионска титула со Вардар

·         Зошто македонскиот клупски фудбал е на така ниско ниво? Зошто посетата на стадионите е минимална, и има ли лек за тоа?

·         Кои се амбициите на Силекс?

·         Како македонскиот фудбал да се справи со се позачестените местени натпревари, за кои постојано има дописи до ФФМ и од ФИФА и УЕФА?

=====================================================

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….

Се вчитува...