Се очекуваше лесна и убедлива победа на Башкими во дуелот со испаднатиот Шкупи. Но, наместо тоа кумановскиот тим мораше да се спасува со пресврт и тоа од два гола негатива. Шкупи стигна до предност од 2-0, а потоа доби и предност на теренот – играч повеќе по црвен картон на Башкими, но не издржа. Во последните 12 минути, кумановскиот тим постигна три гола, и дојде до огромен пресврт и триумф од овој натпревар.
Зибери прв ги шокираше кумановци со прекрасен гол во 49. минута, и Шкупи поведе. Но, само две минути подоцна чаирскиот тим стигна до предност и до 2-0. Уште еден прекрасен погодок од страна на Шкупи откако Чајани ја „скина пајажината“.
Црвениот картон на играчот на Башкими, Ор се чинеше дека ќе го отежни „кам-бекот“ на кумановскиот тим. Меѓутоа за само една минута дојдоа до „егал“.
Во 78. минута нафрлената топка од корнер Личина со глава ја смести во мрежата. Потоа 60 секунди подоцна, Ферати си постигна автогол откако не се снајде во мешаницата која се создаде пред голот на Шкупи.
Башкими направи притисок да дојде до пресврт. Тоа му успеа во 89. минута од средбата, откако по нафрлена топка, Рибеиро со глава постигна трет гол за Башкими за прво водство на условно „гостите“ на овој меч, и до конечна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

