Фудбалерите на Барселона официјално станаа првиот тим што обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Каталонците го победија Рајо Ваљекано со 1-0 на Камп Ноу.
Потврдата дека официјално обезбедија место во Лигата на шампионите за следната сезона дојде малку подоцна во неделата кога Бетис беше поразен од Атлетик Билбао со 2-1.
Поразот на Бетис значи дека Барселона го обезбеди барем четвртото место на конечната табела на шпанското првенство.
Девет кола пред крајот, каталонскиот тим ја предводи табелата со 73 бода, четири пред второпласираниот Реал Мадрид. По нив следуваат Вилјареал со 58 и Атлетико Мадрид со 57 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

