Пораз на Ѓорческа на стартот на турнирот во Дубровник

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши својот настап на Челинџер турнирот во Дубровник уште во 1/16 финалето. Таа претрпе пораз од шпанската тенисерка Лејре Ромеро Гормаз, 141. на ВТА листата, со максимални 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Иако Ѓорческа добро го отвори мечот со брејк, не успеа да ја задржи предноста. Во првиот сет клучна беше серијата на Гормаз по резултатот 4-3, кога Шпанката со нов брејк и сигурен сервис поведе со 1-0.

Слична беше ситуацијата и во вториот сет, каде трите загубени сервиси на македонската претставничка беа пресудни за конечниот исход и победа на фаворитката.

Се вчитува...