Португалците може да „здивнат“: Роналдо ќе биде „фит“ за Мундијалот

Тензиите околу тоа дали Кристијано Роналдо ќе биде достапен за Светското првенство ги зафатија и селекторот и навивачите на Португалија , а причината е повредата на тетивата што ја претрпе за време на натпреварот помеѓу Ал-Наср и Ал Фаја .

За олеснување на сите, се чини дека извонредната сезона на Кристијано со 22 гола и 4 асистенции во 26 настапи ќе продолжи. Тој самиот брзо објави фотографија од себе на социјалните мрежи, на која се опоравува, додека селекторот на Португалија, Роберто Мартинез уверува дека повредата е полесна и дека португалската суперѕвезда ќе се врати на теренот за 2-3 недели.

Роналдо не беше вклучен во националниот тим за натпреварите против Мексико и против САД, но има голем оптимизам за неговото враќање и се очекува да биде достапен на мечевите пред Мундијалот, како и на самото Светско првенство, кое веројатно ќе биде последно за најдобриот стрелец на сите времиња.

Се вчитува...