Поранешниот тренер на Марсеј, Роберто Де Зерби, е подготвен да стане главен тренер на Тотенхем доколку клубот не испадне од Премиер лигата .
Според „Телеграф“, привремениот тренер на Спарс, Игор Тудор, дефинитивно нема да стане постојан менаџер на тимот. Фаворити за оваа позиција се Де Зерби и селекторот на американската репрезентација, Маурисио Покетино, кој претходно работеше во Тотенхем. Лондонскиот клуб сака да назначи тренер со европско искуство.
Челниците на Тотенхем, исто така, го разгледуваат Себастијан Кел за позицијата спортски директор. Германецот неодамна ја напушти истата позиција во Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

