Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 24. КОЛО
Шокантен пораз на Вардар од Арсими, триумф на Шкендија за жестока битка за титулатадо крајот на сезоната. Последните девет кола ќе бидат пеколни за двата најголеми ривали за титулата, се вклучи во игра сега и Струга ТЛ, ама пеколно ќе биде и за опстанокот.
Арсими го совлада Вардар. Тоа е сензационален резултат, ако се има во предвид дека Арсими пред пресметката со лидерот го победи само „испаднатиот“ Шкупи. Но, може да се каже дека ова не е изненадување затоа што „црвено-црните“ ги дрма сериозна криза оваа година. Не победија на ниту еден меч на подготовките, потоа загубија од Шкендија, испаднаа од Купот од второлигашот Охрид, на „мускули“ ги совладаа Силекс и АП Брера со по 1-0, и сега пораз од Арсими. Избраниците на Гоце Седлоски мора да се разбудат ако сакаат да дојдат до титулата, затоа можеби и Шкендија не игра како што посакува, но сега се израмни бодовно, а тетовскиот тим сега на распоред има и полесен распоред, додека Вардар треба да гостува во Битола на 8. април, а тука не игра улога никаква табела, туку моментална мотивација.
Пелистер, пак, влезе во „длабокото“ за испаѓање. Загуби од Струга ТЛ, и ќе се бори за опстанок. И за нив секој следен натпревар ќе биде финале. Како и оној против Вардар. Тој можеби ќе биде одлучувачки за шампионска промоција на Вардар, и за останување на Пелистер во Прва лига со нов тренер, откако Милан Стојаноски си замина, па сега се врати Марјан Секуловски да спасува што може да се спаси.
Струга ТЛ со триумфот во Битола дојде на -5, но тешко е за верување дека стружани може дда ги следат во чекор двете водечки екипи. Силекс е „ниту на небо, ниту на земја“ на четвртото место. Среќа за кратовци што освоија бодови претходно, инаку сега се во криза (на четири меча немаат победа ниту постигнат гол). Голем чекор кон опстанок направија и Тиквеш и Башкими. Останатите екипи ќе се борат да избегнат бараж. Во игра влезе сега и Работнички, кој се израмни на табелата со Пелистер, и дојде на бод од Македонија ЃП.
Последните девет кола не’ очекуваат многу интересни и неизвесни битки. Нека биде само се во ритамот на фер играта и на фудбалската игра, па подобориот нека освои титула и нека опстане.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Јован Попзлатанов (Работнички)
Малкумина веруваа дека Работнички ќе се најде во ситуација да има шанси да го обезбеди опстанокот во ПМФЛ. „Романтичарите“ со триумфот над Силекс се израмнија бодовно со Пелистер, и се најдоа во добра шанса за опстанок. Јован Попзлатанов беше херојот на тимот од Дебар Маало, кој постигна два гола, а и помагаше во одбраната каде не дозволи Силекс да се закани.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу (Арсими)
Победа над Вардар без примен гол и тоа од тим кој се бори за опстанокот во ПМФЛ. Арсими успеа да му земе „скалп“ на лидерот на негов терен. И не само тоа, туку четата на Вилдан Салиу го неутрализираше тимот на Гоце Седлоски. Вардар освен на почетокот со 2-3 шанси и на крајот со приликата на Закариќ, не супеа да направи ништо да го избегне поразот. Затоа голема „вина“ има и Салиу кој одлично ја постави екипата, а таа мотивирано одговори со голем триумф над најтрофејниот.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Судејс Чајани (Шкупи)
Шкупи беше блиску до сензација во Куманово. Водеше со 2-0 против Башкими, но во последните 12 минути прими три гола и тоа со играч повеќе и на крајот ја испушти сензационалната победа. Одличен гол за Шкупи постигна Судејс Чајани, кој зголеми на 2-0. Младиот играч на чаирчани ја смести топката во аголот од голот на Башкими, но за негова жал, само за пораз во Куманово.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 24. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
