Иако се сметаше дека Федерико Киеза го откажува настапот за Италија во баражот поради повреда, сепак, селекторот Џенаро Гатузо образложи дека нешто друго е во прашање.
Крилниот фудбалер му соопштил на селекторот дека не е подготвен ментално да одговори на овој предизвик, по што Гатузо се одлучил да го испрати дома. Оваа одлука наиде на многу негодувања, но селекторот ја образложи на прес-конференција.
„Не се сите луѓе исти. Умовите на играчите не се исти. Кога ќе слушнам дека има проблеми, дека се двоуми, морам да донесам одлука. Не му се играше и си отиде дома и морам да го прифатам тоа. Се е важно во фудбалот. Сфатив дека не може се на сила. Јас не инсистирам, им давам луѓето да разберат. Но, кога ќе донесе одлука дека сака да си оди дома, подобро е да си оди“, изјави Гатузо за Киеза.
Но, проблемите на Италија се подлабоки, затоа што заедно со Киеза, од составот отпадна и Џанлука Скамака, додека некои играчи од одбраната се под знак прашалник како што се Бастони и Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

