Јован Трајков на чело на Еуромилк ГЛ

Македонскиот третолигаш Еуромилк се реши за тренерска смена, па на местото на Зоран Божиновски за нов шеф на стручниот штаб беше именуван Јован Трајков.

Еуромилк не ја крие желбата да атакува на промоција во второлигашката конкуренција, а управата верува дека Трајков е вистинскиот човек за предводник во овој клучен период.

Станува збор за стратег кој претходно во второлигашка конкуренција ги има водено екипите на Локомотива и на Маџари, а Трајков во меѓувреме го води и тимот од младинската школа на Вардар, за играчи до 16 години.

Се вчитува...