Веќе нема никакви дилеми, Антоан Гризман на крајот од оваа сезона ќе си замине од Атлетико Мдрид и кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата како член на Орландо сити.
Американскиот клуб веќе неколку месеци преговараше со Гризман, за денеска и официјално да биде потпишан договорот за соработка. Според него, Гризман се сели во САД веднаш по завршувањето на сезоната со Атлетико Мадрид, тој треба да остане во Орландо најмалку до крајот на 2028 година, но клубот има можност да ја активира клаузулата за да го задржи до декември 2029 во своите редови.
Орландо сакаше да го доведе францускиот голгетер уште на почетокот на месец март, Атлетико не сакаше разделба, а на крајот пресуди и самата желба на Гризман да ја доврши сезоната во овој клуб, со кој се уште е во игра за освојување на два трофеи (во Копа дел реј и во Лигата на Шампионите).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

