Мега-скандал: Фудбалски мечеви местеле градоначалници, судии, тренери…

Огромен скандал го тресе фудбалот во Чешка откако федерацијат ана оваа земја на вонредна прес-конференција потврди дека постои истрага за корупција и лажирање на поголем број на натпревари во последните неколку сезони. Акцијата што ја водела полицијата во соработка со Интерпол придонесе денеска да почне со апсење на голем дел од осомничените во овој мега-скандал.

На листата осомничени се наоѓаат официјални лица на клубови, тренери, судии, прволигашки играч (Самуел Шигут од Карвина), па дури и еден градоначалник, Јан Волф.

Токму Карвина е клубот со најмногу сомнителни натпревари во прволигашка конкуренција, додека во второлигашкото друштво посебен акцент е ставен на Опава и ко-сопственикот на овој клуб, Мартин Латка.

Поранешниот судија Павел Бима е ставен на листата осомничени заедно со уште четири судии од актуелната листа кои ја делеле правдата и во првата и во втората лига на Чешка…

Се вчитува...