На денешен датум пред точно четири години фудбалската репрезентација на Македонија предизвика „земјотрес“ во светскиот фудбал, оставајќи ја Италија без настап на мундијалот во 2022 година.
Се играше баражот за пласман на СП во Палермо во кој Италијанците важеа за огромни фаворити, но избраниците на селекторот Милевски маестрално ги затворија приодите кон сопствениот гол… чекавме да ни се укаже можност и тоа се создаде во судиското продолжение кога Александар Трајковски со маестрален удар од околу 25 метри го матираше Донарума.
За жал, триумфот во Палермо не беше доволен за мундијалска виза бидејќи во финалето од баражот загубивме од Португалија, но оваа победа на италијанско тло останува запишана како најголема на нашиот национален тим.
На јубилејот од тој огромен успех, слушнете ги коментаторите од најразлични земји и нивните реакции по фантастичниот погодок на Трајковски во Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

