Ретки се моментите, па и во оваа натпреварувачка сезона, во кои се случува двајца играчи да дојдат до идентичен индекс на корисност. Во 20. коло од „МТЕЛ“ Супер лигата, тоа им појде од рака на Џастин Гордон од екипата на ТФТ и Роберт Рикиќ од екипата Работнички.
Остварија по 32 индексни поени.
ЏАСТИН ГОРДОН (ТФТ)
Одлична игра на американското крило на дерби дуелот од 20.коло против екипата наа Пелистер. Одигра нешто повеќе од 34 минути, период во кој дојде до ефект од 24 поени (3/5 за три, 5/10 за два и 5/6 за еден поен). Додаде и девет скока (четири во фазата на нападот), имаше и седум асистенции, една блокада и една загубена топка кои му донесоа индекс 32.
РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Еден од највисоките кошаркари во „МТЕЛ“ Супер лигата реализираше уште еден дабл-дабл во оваа фаза од сезоната.
За нешто преку 20 минути во игра, беше перфектен. Погоди се што шутна кон противничкиот кош. Постигна 20 поени (9/9 во обидите за два и 2/2 за еден поен), дополнети со десет скока (два офанзивни), две асистенции, и по една блокада, односно загубена топка, за идентичен индекс – 32.
РОДНИ ПУРВИС (КОЖУВ)
Крилото на „црвено-белите“ прикажа одлична игра против МЗТ Скопје. Реализираше 24 поени (5/13 за три поени, 3/3 за два идентични 3/3 од линијата за слободни фрлања). Тоа го надополни со седум скока, исто толку додавања до соиграчите, по две освоени и загубени топки, плус и еден блокиран обид од противниците, што во крајниот збир прави индекс 31.
ЛЕНГСТОН ВИЛСОН (ПЕЛИСТЕР)
Неговиот двоен ефект на средбата со ТФТ не беше доволно за Пелистер да ја продолжи победничката серија од почетокот на оваа календарска година.
За 32:22 минути на паркетот во салата „Градски парк“, реализираше 21 поен (3/4 во шутот за три поени, 6/7 за два), кои ги надогради со десет скока, две блокади една асистенција и три загубени, за 29 индексни поени.
СТЕФАН ГЛИГОРИЈЕВИЌ (ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ)
Покажа уште еднаш дека е еден од носителите на играта на суперлигашот од Кавадарци. Даде свој, сериозен придонес во успехот против сега веќе директниот конкурент во битката за опстанок.
За скоро 30 минути на теренот во салата „Јасмин“, реализираше дабл-дабл ефект, изразен со 20 поени (8/11 во обидите за два поени и 4/6 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа забележа и десет скока половина од нив беа напаѓачки. Имаше и по една блокада, асистенција и освоена топка кои му донесоа 28 индексни поени.
ПРВА ПЕТОРКА
Џастин Гордон (ТФТ)
Роберт Рикиќ (Работнички)
Родни Пурвис (Кожув)
Ленгстон Вилсон (Пелистер)
Стефан Глигоријевиќ (Тиквеш Голден Игл)
ВТОРА ПЕТОРКА
Виктор Ефремовски (Работнички)
Александар Радукиќ (МКК Куманово)
Рејмонд Самервил (ТФТ)
Амар Хот (Маџари)
Леонард Диксон (Гостивар)
*петорките се формирани според бројот на реализирани индексни поени
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

