Српскиот ракометен репрезентативец Милош Кос е на добар пат да се врати во татковината и да го облече дресот на Партизан. „Црно-белите“ прават сериозен проект од следната сезона откако го доведоа Раул Гонзалес за тренер, а идејата е во тимот да вклучат и дел од актуелните репрезентативци на Србија.
Кос поради повреда не настапи на последниот европски шампионат, но бекот важи за еден од најдобрите српски ракометари на својата позиција. Тој е член на бундеслигашот Ерланген каде пристигна од Загреб, по големиот скандал во кој го нокаутираше соиграчот Мандиќ, беше суспендирани на крајот отстранет од клубот.
Кос не ја крие желбата да се врати во српскиот ракометар, особено во проект каков што се најавува дека ќе биде РК Партизан.
„Ќе видиме, се е отворено. Се уште немам потпишано договор, но големи се шансите да го засилам Партизан. Верувам дека тоа е вистинскиот чекор за мојата кариера, но да почекаме трансферот да биде комплетиран“, изјави Кос за српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

