Колев: Играме со великани, но ќе се обидеме да направиме изненадување

Репрезентацијата до 17 години е дел од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. По одличните настап во претходната фаза, составот предводен од селекторот Влатко Колев го очекуваат нови, големи предизвици.

На турнирот што ќе се одржи во Словенија, нашите надежи ќе се соочат со исклучително тешки противници каде покрај мечот со домаќинот се среќаваме со селекциите на Германија и Франција.

“Самиот пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, оваа генерација постигна голем успех. И покрај фактот што имаме исклучително тешки противници ќе се обидеме да направиме изненадување и нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови. На турнирот ќе се соочиме со великаните на европскиот фудбал Германија и Франција, а тука е и домаќинот Словенија. Верувам дека фудбалерите кои ќе настапат на овој турнир ќе одиграат на највисоко ниво и дека ќе бидеме рамноправни во дуелите со фаворизираните противници. Момците се максимално подготвени за следните предизвици и дека претстојните три натпревари ќе бидат уште едно големо искуство за оваа талентирана генерација”, изјави Колев.

Прв противник во квалификациите ни е репрезентацијата на Германија, а натпреварот се игра утре, a почетокот е закажан за 16 часот. На 28-ми во истиот термин се среќаваме со Франција, а на 31. играме со домаќинот Словенија.

Се вчитува...