Во четврток, фудбалските репрезентации на Велс и Босна и Херцеговина ќе го одиграат бараж натпреварот од полуфиналето на плејофот во квалфикациите за настап на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Селекторот на островската репрезентација, Крег Белами, познат по својот темелен и детален пристап кон секој натпревар и анализа на секој противник, овој пат беше доследен на своите навики пред дуелот со Босна и Херцеговина.
Во пресрет на полуфиналето на плејофот на Светското првенство, во интервју за медиумите, Белами откри дека дури и гледал филм за војната на Балканот за подобро да го разбере својот противник.
„Смешното е што синоќа гледав филм за војната на Балканот“, рече Белами во интервју за Би-Би-Си, додавајќи дека му е важно да го разбере не само стилот на игра на противникот, туку и неговата позадина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

